Метеоаларм предупредувања

Уште од ноември 2010

Extrime high temperatureExtreme low temperatureНевремеForestfire

Речен мониторинг систем

Светска метеоролошка

СМО
WMO

 

Галерија на продукти на УХМР од постојани статистички, дијагностички и прогнозстички анализи на разни параметри.

Дневни врнежи Облачност во термин Температура на 2м. во термин Температура на 2м. во термин Температура на 2м. во термин Минимална тем. на 2м., 10-дневна средна вредност Ветер на висина од 10 м. во термин Минимална тем. на 2м., во термин

Заб. некои од овие производи се однесуваат на состојби и периоди од порано, но би требало да се интересни за посетителите и соработниците!

е-УХМР

Електронскиот гласник е-УХМР започна да се објавува во јуни 2012 година. Од почетокот тоа е еден електронски тромесечник на Управата за хидрометеоролошки работи, која е национален хидрометеоролошки сервис на Република Македонија.
Секое издание е тематско и е наменето за пошироката јавност. Ако понекогаш некоја од темите ги натера читателите да побараат дополнителни содржини (на нашиот портал, или во литературата која им е достапната), тогаш гласникот е-УХМР, успева да постигне и понекоја повисока цел.

е-УХМР, Јуни 2012

 

е-УХМР, октомври 2012

Печати
Оценка од корисникот: / 10
НајлошоНајдобро 

е-УХМР,  октомври 2012
Управа за хидрометеоролошки работи

UHMR

УХМР Р.Македонија

Во овој број:
визуелизација
Дијагноза на временската состојба
температура на воздухот (просторна распределба)
малку за на крај

Најново


На порталот на УХМР оформивме цела низа на автоматизирани процедури кои постојано создаваат вредни продукти од материјалите, кои ни се достапни благодарение нашето членство во ЕУМЕТСАТ.

satelitski produkti

space
е-ухмр е нашата нова публикација

е-УХМР започна да излегува во јуни 2012 година и тоа најпрвин само на Македонски јазик. Секој од објавените броеви на овој електронски гласник секогаш ќе ви биде достапна и преку архива на постари изданија. Во иднина ќе се достапна и изданија на секој од трите јазици на кои се и сите содржини од порталот на УХМР. И на крај секогаш ќе постои можност секој од посетителите да може да зачува било кој примерок од е-УХМР во прилагодлив PDF формат.

 


Нешто за помладите

Процесот на директно преминување на водената пареа во ледени кристали се нарекува сублимација (на латински sublimare значи се подига).

 


Пред да си одите

е-УХМР е електронски гласник на порталот на УХМР, кој на македонски јазик започна да се објавува од јуни 2012 година.

До средината на мај 2012 година (што е само една година на постоење) порталот на УХМР забележа повеќе од еден милион и сто илјади посети (1 100 000 посети). Посетителите биле од 109 држави. Најголемиот дел (повеќе од 92%) посетите биле од Република Македонија. Во останатиот дел, почести се посетителите од соседните држави и тоа по 0.4% и повеќе не посетиле: Швајцарија, Италија, Германија, Грција, Бугарија, Србија, а тука се и САД со 1%.

Во изминатата година порталот на УХМР најмногу беше посетен на 10. 02 2012 година со повеќе од 16 000 посети во само еден ден (тоа беше период на особено студено време и сите веројатно сакаа да знаат до кога студот ќе се задржи).


Поделете ја оваа публикација!

facebook youtube twitter


Визуелизација

Ова е светот на визуелното. Сликата е наједноставната информација, која најбрзо може да допре до нас. Се помалку сме подготвени за "долгите текстови".
Во процесот на користење на содржините што се околу нас,  малите "икони" ни се главен патоказ за основата на содржината, но и пат кон тоа што во тој момент ни е важно. Ние во УХМР, низа години сме постојано со предизвиците и со решенијата на процедурите на што подобра визуелизација.

Дијагноза на временски сосотојби
Дел од meteo.gov.mk, веб порталот на Управата за хидрометеоролошки работи, е системот за дијагностика на временските состојби и постојана визуелизација на редовните мерења и набљудувања. Податоците кои се мерат на секои 3 часа (тоа е само дел од сите мерења и набљудувања кои се вршат), постојано се испраќаат во меѓународна размена и тоа во шифрирана форма. Врз основа на овие податоци, на сите посетители на порталот на УХМР, на едноставен начин им се достапни цела низа на графички материјали.
На секои 3 часа лесно е видлива и распределбата на температурата на воздухот, ветерот, а достапни се просторните распределби и на неколку параметри поврзани со количеството водена пареа во воздухот. И секако, постојано се генерира и графика за распределбата на облаците над подрачјето на Република Македонија.
Температурата на воздухот (просторна распределба)

Колку и да е голем бројот на мерните места, секогаш мора да постои проверена и усвоена постапка за интерполација. Потребна е што поточна и што пообјективна процедура, која ќе ја процени вредноста на елементот во просторот помеѓу две мерни места (понекогаш тоа е и барање од некој од нашите корисници). Нашиот систем (иако постојано создава продукти од 2012 година, тој е се уште во експериментална работа) во првиот чекор води сметка само за оддалеченоста помеѓу мерните места. Во следните чекори е вклучена и висината над морското ниво на мерните места, па на крајот, со секогаш ново-создадената крива на зависност на температурата на воздухот од надмоската висина, имаме добар продукт.  Системот е добро замислен уште на самиот почеток, па строгата конвенција за имињата на документите ни овозможува успешно управување и со продукти кои се резултат од повеќе термини (две мерења од последователни термини, или пак мерења од ист термин во два последователни дена).

промена на Ттемпературата на воздухот во однос на минатите 24 часаКвалитетот на постапката може да биде и подобар. Во следниот период ќе додадеме уште два чекора кои значително ќе ја намалат големината на грешката. Нашите корисници ќе бидат уште посигурни во материјалите кои ќе можат да ги добијат од нас во иднина.


Метео - предупредување
 
Појаснување
Ова е последното официјално предупредување објавено од УХМР. Предупредувањата се изготвуваат (од страна на дежурниот синоптичар) на дневна основа, но по потреба може и да се изменат понекогаш уште еднаш, или двапати во тековните 24 часа.
 
 

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian-AL
Има 985 гости присутни

Важни адреси:

Метео++
Метео+5
Селектирај текст за да го слушнеш

е-УХМР (ел. гласник)



Your mail*


Вие сте овде: Медиа центар - е-УХМР