Метеоаларм предупредувања

Уште од ноември 2010

Extrime high temperatureExtreme low temperatureНевремеForestfire

Речен мониторинг систем

Светска метеоролошка

СМО
WMO

 

Галерија на продукти на УХМР од постојани статистички, дијагностички и прогнозстички анализи на разни параметри.

Дневни врнежи Облачност во термин Температура на 2м. во термин Температура на 2м. во термин Температура на 2м. во термин Минимална тем. на 2м., 10-дневна средна вредност Ветер на висина од 10 м. во термин Минимална тем. на 2м., во термин

Заб. некои од овие производи се однесуваат на состојби и периоди од порано, но би требало да се интересни за посетителите и соработниците!

Актуелно

Меѓународна активност во рамките на СМО

Печати
Оценка од корисникот: / 29
НајлошоНајдобро 

УХМР, Женева - ноември 2014

 

Од ноември оваа година, директорот на Управата за хидрометеоролошки работи м-р Оливер Ромевски е и постојан претставник на Македонија во Светската метеоролошка организација.
м-р Оливер Ромевски и д-р Владо Спиридонов од 10 до 14 ноември, 2014 г. учествуваа во работатењето на "ВТОРАТА СЕСИЈА НА МЕЃУВЛАДИНИОТ ОДБОР ЗА КЛИМАТСКИ УСЛУГИ" во Женева, Швајцарија.
Во рамките на оваа меѓународна активност направени се повеќе средби со претставници од регионот но и со личности кои се значајни во оваа меѓународна организација.

 

Полетувањето на MetOp-B

Печати
Оценка од корисникот: / 15
НајлошоНајдобро 

На 17 септември 2012 - Еуметсат го испрати метеоролошкиот сателит MetOp-B, во орбита околу земјата

MetOp-B е втор во серијата орбитални сателити. Првиот од серијата беше MetOp-A, а за околу пет години ќе полета и третиот MetOp-C. Тие со себе носат истородни инструменти со што ќе се овозможи континуирано следење на состојбите околу целата земјина топка.
Програмите за лансирање на метеоролошки сателити се заеднички за европската агенција и за американската NOAA, па така се постигнува подобра покриеност над целата земјина површина.

Одберете ја врската до филмот со полетувањето...!

Резултати во медицинска метеорологија

Печати
Оценка од корисникот: / 80
НајлошоНајдобро 

Во овој дел од порталот на УХМР можете постојано да ја следите вредноста на индексот на негативно влијание на времето. Овој индекс е резултат на повеќегодишни следења на поврзаноста на времеските состојби и симптомите кои ги чуствуваме.

Важно е да се знае дека временските состојби со своите карактеристики само ги засилуваат симптомите кои луѓето ги чуствуваат.

 

Претставување пред стручната јавност:

Повеќе...

Семинар од областа на нумеричко моделирање

Печати
Оценка од корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

На 25 мај 2012 година, во Болоње, во организација на одделот за геолошки науки од Факултетот за физика, математика и природните науки беше организиран научна презентација од областа на нумеричко моделирање на мониторинг и транспорт на загадувачки материи во облачните системи.

Главниот говорник на настанот беше д-р Владо Спиридонов, професор на "Св Кирил и Методиј" од Скопје (Македонија), државен советник за метеорологија и експерт на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во делегацијата од Република Македонија исто така беа вклучени и редовниот професор Благој Вељаноски, раководител на Институтот за физика и инж. мет. Зоран Димитровски, државен советник во УХМР.

Види повеќе на оваа врска!

Специјални сателитски продукти

Печати
Оценка од корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 


Специјални продукти за лицата со некои видови на попреченост

Сателитски продукти (слики и анализи) за лицата кои имаат проблеми во распознавањето на боите:

На секои 3 часа (од основните материјали кои му припаѓаат на EUMETSAT Copyright © 2012), преку низа од автоматизирани процедури, се создаваат слики кои се прилагодени за луѓето од трите основни категории на попреченост во распознавање на боите!

Најпрвин проверете каков екран имате!

Можете да проверите кој од продуктите ви одговара (избирате јазиче "Проверете со тест"), или веднаш да погледнат сателитска слика (во јазичето " Користете соодветен продукт").

Објаснување
 Одберете продукт, кој е соодветен во редоследот на тест-сликата, на која не можете да го забележите бројот. Секоја слика од тестот има двоцифрена бројка со големина блиска на димензиите на сликата. Продуктите сеприлагодени на трите основни типа на попреченост во распознавање на бои.
 
Проверете со тест
 
 
Користете соодветен продукт
 
продукт: MSG2 airmass RGB
 
 
продукт: MSG2 IR 10.8 color
 
 
 
 
 
 

 

logoMeteoPlusPlus

Продуктите се дел од проектот МЕТЕО ++ на порталот meteo.gov.mk за лицата со некои видови на попреченост.

 



Можете да ги видите и сите редовни сателитски продукти

Тема на нашиот форум: Метео++

Порталот на Управата за хидрометеоролошки работи води сметка за корисниците кои имаат некои видови на попреченост (идејата е поддржана уште од саморто создавање на порталот).

Материјалите се создаваат на секои 3 часа во главните мерни термини (во 42 та минута по терминот), почнувајќи од 01, 04 и понатаму (со +1 час во летниот период)!

Страница 4 од 7

Метео - предупредување
 
Појаснување
Ова е последното официјално предупредување објавено од УХМР. Предупредувањата се изготвуваат (од страна на дежурниот синоптичар) на дневна основа, но по потреба може и да се изменат понекогаш уште еднаш, или двапати во тековните 24 часа.
 
 

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian-AL
Има 916 гости присутни

Важни адреси:

Метео++
Метео+5
Селектирај текст за да го слушнеш

е-УХМР (ел. гласник)



Вие сте овде: Медиа центар - Актуелно